Крсте Калчев
Директор на Дирекција Администрација
Среќен сум што кариерата во оваа индустрија ја градам токму во Mozzart. Добро прифатен од постарите колеги од кои научив многу, но и соочен со новите предизвици пред мене, кариерата ја започнав пред 7 години како сметководител и ја градев чекор по чекор. Благодарен сум на менаџментот на компанијата, кој во мене виде потенцијал и во 2017 година ми ја довери позицијата директор на Дирекција Администрација. Од самиот почеток во работењето и раководењето бев соочен со предизвикот на реформите и модернизација на компанијата, интегрирањето на новите системи и имплементација на законските регулативи, создавање и организација на тимот за работа, но и секојдневно учење на нови работи. Сето тоа во одреден период бараше многу непроспиени ноќи и одрекувања, но со истрајноста и решителноста се заборави и надмина, а успесите доаѓаа по секоја добро завршена работа. Mozzart е меѓународна компанија, регионален лидер во оваа индустрија, па така контактите со колегите од останатите земји кои секојдневно ги имам, се само искуство повеќе што придонесува заеднички да ја водиме нашата компанија на што повисоко ниво.
Љубен Пројкоски
Менаџер за Интерна ревизија и Fraud менаџмент
Моите професионални патишта во Mozzart започнаа во период кога компанијата имаше интензивен раст и развој на глобално и локално ниво и неуморно го градеше своето реноме на компанија која ги негува модерните бизнис принципи, со нагласена општествено одговорна компонента. Во целиот изминат период, како дел од менаџментот на Mozzart ми претставува задоволство, но и голем професионален предизвик во една динамична работна средина да давам иницијативи и активно да партиципирам во значајни проекти и активности за имплементација на клучни процеси кои имаат импакт на квалитетот на работењето на компанијата. Можностите за професионално унапредување кои Mozzart ги нуди на своите вработени на уникатен начин, како и задоволството од секоја успешно реализирана задача се главните извори на мотивација во секојдневното работење. Истовремено, еднакво важно е чувството на припадност и сигурност кое го нуди компанијата во која посветено и одговорно работам сите овие изминати години, почнувајќи од јуни 2013 година. Mozzart во континуитет расте и се менува и да се биде дел од таа приказна е голема лична сатисфакција и мотив за давање на уште поголем придонес кон остварувањето на поставените цели.
Александар Сандев
Директор на Дирекција Деловни процеси
Во MOZZART работам неполни 10 години. Почетоците ми се на уплатното место Кочани 1. За многу кратко време напредував во шеф на уплатно место. Имајќи го предвид моето формално обвразование како дипломиран електроинженер, проактивниот пристап и констатното усовршување на професионален и личен план, во средини како во MOZZART, неминовно е тоа да не се забележи. Од страна на менаџерскиот тим ми беше понудено да преминам во ИТ сектор како јуниор систем администратор. Во ниту еден момент не се двоумев. Ја искористив оваа шанса. Можеби тоа беше пресвртницата на мојот живот. Имав огромна среќа да учам од најдобрите ИТ инженери во нашата компанија. После долгогодишна работа во ИТ сектор, како шеф на системска администрација, со големи залагања во деловната средина, преминав во дирекцијата Деловни процеси. Мојот отворен припстап кон решавање на проблемите, упорноста да се истрае до крај, големиот вложен труд секојдневно, резултира со еден нов предизвик. Иако имав стекнато големо искуство претходно, директор на дирекцијата за мене беше нов огромен предизвик. Да се биде на оваа позиција во една компанија како што е MOZZART, за мене е голема чест и голема одговорност. Се надевам дека со моите вештини, долгогодишното искуство, знаење, имајќи ги во предвид ресурсите со кои располагаме, ќе донесеме низа одлуки кои ќе придонесат до реализација на нашите цели – да останеме на врвот – број 1 приредувач на игри на среќа на пазарот во Македонија.