Најдобра пракса во индустријата
Правни работи и усогласеност на работењето
Развиваме систем за усогласеност на работењето и внатрешните акти со законската рамка. Оваа деловна единица е посветена на зачувување на приватноста на личните податоци, со цел да осигураме дека работењето се води во согласност со правната регулатива од оваа област. Со работа на оваа деловна единица обезбедуваме сите лични податоци од сите наши корисници и вработени да се ракуваат во согласност со релевантниот закон.
Ревизија (Fraud, Risk, AML)
Сигурноста ни е на прво место. Дел од тимот во рамки на оваа деловна единица е одговорен за надгледување на сите трансакции во рамки на компанијата и обезбедува легитимитет на трансакциите. Целта е да се зголеми безбедноста на системот, односно превенција од измами, како екстерни, така и интерни. Нашиот тим за спречување на перење на пари ја штити компанијата од потенцијални сомнителни трансакции и илегални финансиски средства. Се занимаваме со процесот на идентификување, проценка и контрола на сите потенцијални ризици кои што можат да влијаат на работењето на компанијата.
Информациона безбедност
Тимот за информациона сигурност е одговорен за креирање, спроведување и одржување на политика и процедура за информациона сигурност во согласност со најдобрите пракси во индустријата.
Маркетинг
Потребите на нашите корисници се најважни, па маркетинг тимот креира кампањи во согласност со нив. Комуникацијата со корисниците се спроведува преку сите маркетинг канали и континуирано ја усогласуваме стратегијата на нашиот потенцијал со потребите на пазарот.