Зоштo ние?
Имајќи ја предвид изразената свесност за тоа дека корпоративниот успех зависи од нивото на задоволство на вработените на работното место, постојано се трудиме да создадеме интересно, пријателско и позитивно работно опкружување во кое секој би бил мотивиран да го даде својот максимум. Со оглед на тоа што сме тимски ориентирани, на тоа ги засноваме и нашите деловни цели, се обидуваме да организираме собири на вработени, како во работно време, така и надвор од него, на кои се охрабрува тимскиот дух. Исто така, идеите и предлозите на нашите вработени се од големо значење, бидејќи сметаме дека културата на отворена комуникација во рамките на компанијата е клучот за успехот.
Начинот на кој функционира нашата компанија е толку посебен што нашите идни вработени не треба да имаат ни најмал сомнеж дека работењето за нас ќе им биде едно од најважните професионални искуства во животот.
Ние во Mozzart, охрабруваме претприемачки пристап кон секојдневната работа, од креирање идеи, до преземање одговорност за започнување активности засновани на таквите идеи, но исто така и прифаќање одговорност за евентуалниот неуспех. Исто така, веруваме дека најдобрите во нашите редови не се оние кои се вклопуваат во постојната култура, туку оние што ја унапредуваат. Бидејќи корпоративната културата претставува клучен фактор за регрутирање на квалитетен кадар и талентирани луѓе, компанијата Mozzart има добра причина што со години негува вакви вредности. Во нашата компанија преовладува принципот на отворена комуникација како главен предуслов за градење тим и негување на духот на заедницата, што, меѓу другото, подразбира споделување на сите релевантни информации со вработените. Ова значи дека тимот е секогаш подготвен да одговори на секое прашање на ново-вработениот, како и сите други колеги, што овозможува квалитетно стекнување знаење од индустријата во која работиме, а со тоа и создавање бројни можности за обука и напредување. Покрај тоа, развојот на вештини, знаења и зајакнувањето на тимскиот дух се обезбедуваат со работа во нашите мултифункционални тимови.