Информации за компанијата
Компанијата Mozzart е лидер во областа на игрите на среќа и спортско обложување во регион Југоисточна Европа. Основана е во 2001 година, а во овој момент со околу 1.000 уплатни места, брендот е присутен на териториите на Србија, Македонија, Република Српска, Хрватска, Малта, Романија, Кенија и Колумбија. Во Mozzart повеќе од 5.000 професионалци секој ден работат на континуирано унапредување на услугите, со цел успешно предвидување на потребите на клиентите и обезбедување на најдобра атмосфера во оваа индустрија на забава.
Во рамки на својата основна дејност, Mozzart има сопствена продукција и понуда на висококвалитетни квоти за обложување на разни спортски и други настани, со околу 250.000 квоти на повеќе од 1.600 настани дневно. Покрај тоа, во секој момент се нудат над 400 стандардни игри за фудбалски натпревари и повеќе од 500 специјални игри за други спортови. Како поддршка на организацијата на спортски обложувалници, развивме комплетен ИТ систем за производство, одржување и надградба на придружен софтвер кој овозможува сигурно вмрежување на голем број на уплатни места и квалитетно управување со ризик. Подобрувајќи ја комуникацијата со клиентите, го основавме клубот за лојалност „Mozzart клуб“, кој во моментов брои повеќе од 300.000 членови и е еден од најголемите клубови за лојалност во регионот. Исто така, целата понуда на порталите на компанијата Mozzart се достапни и на Android и на iOS платформите.
Трудејќи се да им обезбедиме на нашите клиенти унифицирана понуда на услуги и информации, во рамки на компанијата Mozzart постојат и медиуми, кои исто така со тек на време заземаа лидерска позиција. Mozzart Sport е основан во 2006 година, како магазин со релевантна и интересна содржина, а во 2011 година доби и свое онлајн издание - mozzartsport.com кој денес е еден од најдобрите специјализирани портали во регионот.
Ние сме посветени на модернизација на општеството како целина и учествуваме во развојот на успешна пазарна економија, истовремено почитувајќи ја животната средина и окружувањето во кое живееме. Во секој сегмент од општеството има простор за подобрување, па така веќе многу години градиме подобра заедница преку постојани општествено одговорни активности.