ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ ЗА КАНДИДАТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

1. Вовед

Оваа политика за приватност има за цел да објасни како и зошто ДЕЛТА БЕТ ДОО Скопје (во понатамошниот текст „Друштвото “) во својство на раководител, ги обработува Вашите лични податоци и мерките кои ги презема за да Вашите податоци бидат безбедни и заштитени. Обработката на личните податоци се врши во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Ве молиме, прочитајте ја оваа Политика за да разберете како ги третираме Вашите лични податоци.

Оваа Политика за приватност ги опишува начините на кои компанијата ги користи личните податоци. Со давање на Вашите лични податоци и прифаќање на Политиката за приватност, потврдувате дека сте согласни Вашите податоци да се користат на начин опишан во оваа Политика. Доколку се промени Политиката за приватност, ќе го објавиме изменетиот текст на Политиката на оваа страница.

2. Намена на обработката и правен основ

Доставените лични податоци ќе се користат исклучиво заради анализа на пријавените кандидати за нивно евентуално вработување, односно работно ангажирање.

Вашите лични податоци ни се потребни за да воспоставиме контакт со Вас и за да ја спроведеме постапката на селекција за одредена позиција. Правен основ за обработка е Вашата согласност.

Одредени податоци се задолжителни во случај на склучување на договор за вработување.

3. Раководител

ДЕЛТА БЕТ ДОО Скопје

Бул. 8ми Септември бр.16 Скопје

Е-маил: zastita.podatocimozzartbet.mk 

Телефон: 02/32-96-155

(во понатамошниот текст: Раководител)

4.  Обработка на личните податоци

Податоците од вашата апликација за конкурс се обработуваат исклучиво заради избор и вработување на кандидати.

Доколку аплицирате за работа, следниве информации ги користиме за Вас:

  • Основни податоци (име, презиме, број на телефон, адреса за е-пошта, фотографија, датум на раѓање, пол)
  • Податоци за адреса (град)
  • Податоци за образование (стручна подготовка, назив на образовна институција во која е стекната највисоката квалификација, насока и место на училиштето)
  •  Податоци за работното искуство (почеток и крај, назив на фирмата и позиција, опис на работењето и одговорности), работна биографија (CV)

Секогаш водиме сметка Вашите лични податоци да се третираат во согласност со оваа Политика и обработувачите и примателите на податоци да имаат исти или слични организациски, технички и кадровски мерки како и ние, за да осигураме дека личните податоци се третираат во согласност со одредбите од Законот за заштита на личните податоци и за да се обезбеди заштита на правата на субјектите на податоците, вклучително и настојување вашите лични информации да бидат безбедни и да се користат само во согласност со нашите упатства и за договорените намени.

5. Заштита на личните податоци

Податоците во врска со кандидатот, на соодветен начин се заштитени од злоупотреба, уништување, губење, неовластени промени и пристап. Друштвото, како обработувач, презема строги безбедносни процедури, неопходни организациски, технички и кадровски мерки за заштита на личните податоци, во согласност со утврдените стандарди и процедури потребни за заштита на податоците од губење, уништување, неовластен пристап, промени, објавување и обелоденување. Податоците се чуваат во компјутерска база на податоци и архива до која имаат пристап само вработените кои ги обработуваат личните податоци на кандидатите.

6. Рок на чување на Вашите лични податоци

Доколку успешно го поминете процесот на селекција и станете наш вработен, Вашите лични податоци ќе се обработуваат во согласност со евиденцииите од областа на вработувањето. Доколку не поминете низ процесот на селекција, вашите лични податоци ќе се чуваат една година.

7. Права на кандидатот:

Во согласност со Законот за заштита на лични податоци, можете да ги остварите следниве права:

  • Пристап до лични податоци

Лицето на кое се однесуваат на податоците (во понатамошниот текст: Лицето или Кандидатот) има право да бара од Раководителот информација за тоа дали ги  обработува неговите лични податоци, пристап до тие информации, како и информации:

  • за целите на обработката;
  • за видовите лични податоци кои се обработуваат;
  • за примателите/видовите на приматели на кои им се откриени или ќе им бидат откриени личните податоци, а особено за приматели во други земји и меѓународни организации;
  • за предвиденото собирање на податоци;
  • за постоење на право од раководителот да се побара исправка или  бришење на личните податоци, право на ограничување на обработката и право на приговор на обработката;
  • за правото да се поднесе приговор до Агенцијата;
  • за постоење на автоматско одлучување, вклучително и профилирање;
  • за мерки за заштита при пренос во друга држава или меѓународна организација;
  • за правото на копија од личните податоци кои Раководителот ги обработува.

Исправка и дополнување на личните податоци

Лицето има право да неговите неточни лични податоци да бидат исправени без непотребно одложување, односно да ги дополни своите непотполни лични податоци.

Бришење на личните податоци

Лицето има право на бришење на податоците ако:

  • личните податоци се незаконски обработени;
  • личните податоци мора да се избришат со цел извршување на законските обврски на Раководителот;
  • податоците не се веќе неопходни за остварување на целта за која се собрани;
  • лицето ја отповикало согласноста која е основ за обработката и нема друг правен основ за обработка.

Ограничување на обработката на лични податоци

Лицето има право да ја ограничи обработката на неговите лични податоци доколку:

  • лицето ја оспорува точноста на податоците во рок кој му овозможува на Раководителот да ја провери точноста,
  • обработката е незаконска, а лицето се спротивставува на бришење на личните податоци и наместо бришење бара ограничување на употребата на податоците,
  • Раководителот веќе нема потреба од личните податоци за да ја оствари целта на обработката, но лицето ги побарало со цел поднесување, остварување или одбрана на правно барање

Кандидатот може да повлече согласност во секое време, што во никој случај не влијае врз дозволата за обработката на личните податоци пред отповикувањето.

8. Прашања поврзани со личните податоци

За сите прашања, барања, поплаки и приговори во врска со заштитата и обработката на личните податоци, можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на лични податоци на Е-пошта:zastita.podatocimozzartbet.mk  или по пошта на адреса: бул.8ми Септември бр.16 Скопје. Офицерот за заштита на лични податоци е одговорен за надгледување на законитоста на обработката на личните податоци, грижата за заштитата на правата и слободите на корисниците (и други лица чиишто податоци се обработуваат) и советување на одговорните лица за најдобрите практики во областа на заштитата на личните податоци

Секое примено барање ќе биде решено што е можно поскоро и најдоцна во рок од 30 дена од приемот. При контактирање и поставување на овие барања, ќе вложиме разумни напори да го утврдиме Вашиот идентитет и да спречиме неовластена обработка на Вашите лични податоци.

Доколку сметате дека Вашите податоци биле незаконски обработени, можете да поднесете приговор до Агенцијата за заштита на лични податоци.

Оваа верзија на Политиката за приватност последен пат е ажурирана на 20.12.2021 година.