Хуманитарен тикет за викенд

Познатите типуваат, Mozzart донира – оваа тимска игра на хуманост постои речиси две години, а се реализира еднаш неделно пред викендот! Регионалниот лидер во областа на игри на среќа секој петок уплаќа 3.000 денари во оваа акција, а спортисти, актери, музичари, познати и други јавни личности прогнозираат натпревари по нивен избор на хуманитарен тикет. Возбудата расте секогаш кога ќе се погоди некој пар, бидејќи добивките се насочуваат во разни организации, установи, фондации за лекување на деца, здруженија, итн...

До сега помош има отидено на 4 адреси. Првиот добитен тикет го состави фудбалерот Остоја Стјепановиќ, а добивката од 99.386 денари беше наменета во Домот за деца без родители во Скопје. Вториот добитен тикет го состави фудбалерот Благоја Тодоровски, а со добиениот износ беа набавени прочистувачи на воздух наменети за ЈЗУ Клиниката за детски болести во Скопје во хемато-онколошкото одделение. Третиот хуманитарен тикет го состави ракометарот Филип Кузмановски, а добиените средства од 58.814 денари ги насочи за малиот Михаил Ристоски од Тетово, кој има дијагноза – парализа на левата рака. Во Mozzart-овиот месец на хуманост (декември 2020) секој ден се составуваа хуманитарни тикети, а во посебен фонд се собираше уплатата од тикетите. Вкупниот декемвриски фонд од 90.000 денари кој оди во хуманитарни цели беше доделен на Ј.У. Детски дом „11 Октомври“ во Скопје.