РАЗВОЈ НА КАРИЕРА

Покрај познавањето на стратешките цели на компанијата, развојните области, интересите и мотивацијата на вработените, императив во развојот на вработените е и подлабоко познавање на деловниот контекст во рамките на кој треба да се одвива развојот. Систематско третирање на развојот на човекот вклучува познавање на описот на работното место, процесите со кои управуваат вработените, микро-окружувањето во кое работат, како и услугите што ги обезбедуваат на интерни и/или екстерни клиенти.

Развиваме “развој”

Луѓето не се менуваат, тие се развиваат. Наша водилка во бизнисот е девизата дека развојот на луѓето оди во две паралелни насоки, а тоа се развој во насока на компетенции и струка како прва насока, и познавање на бизнисот како втора. Во пракса, ова значи дека постојано се запознаваме со тековните деловни иницијативи, нови производи, тековни проекти, процеси во кои очекуваме промена како краен ефект на развојот. Познавањето на бизнисот и улогата на вработените ни ја даваат потребната поширока перспектива врз основа на која ја препознаваме меѓусебната поврзаност на процесот и интерната база на знаење која е извор на скапоцени прилики за развој. 

Инвестираме во развој на кариерата на нашите вработени преку следниве активности:

ЕДУКАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ

Во човечка природа е да расте и да се развива. Кога овој развој е поврзан со потребите на индивидуалните и професионалните цели, задоволни сме, покомпетентни и помотивирани да постигнуваме врвни деловни резултати. Компанијата обезбедува различни модалитети на развој, вклучително и интерни и екстерни обуки, со стандардизирана програма за обука на оператори за уплатните места именторска обука. Развиениот систем на интерно пренесување на знаења е чекор повеќе кон развој на културата на учење и кон подготовка на колегите за работа на други пазари. 

ОБУКИ ВО ДОМЕНОТ НА СТРУЧНО УСОВРШУВАЊЕ

Преку следење на тековните трендови на пазарот и деловните потреби, им овозможуваме на вработените усовршување во стручниот домен на работа, што значи платено присуство на вработените на конференции, обуки, семинари и разни едукативни собири.

ИНДИВИДУАЛЕН ПРИСТАП КОН РАЗВОЈОТ НА ВРАБОТЕНИТЕ

Охрабруваме индивидуален развој преку стекнување на специфични знаења и вештини со кои го поддржуваме напредокот. Развивме модел за креирање и спроведување на индивидуални развојни планови за поддршка на структурираниот развој на поединецот со активна поддршка од раководителите.

КАРИЕРЕН ПАТ

Создаваме кариетни патишта за се поголем број работни места. Преку специфични насоки и критериуми, јасно се дефинира понатамошниот пат на напредокот на вработениот и се стекнува право на одредени бенефиции.