Политика за квалитет
Деловната политика на друштвото Делта Бет ДОО Скопје се заснова на современи принципи и е во согласност со усвоените правила за работењето.
Како начин на поддршка на организација на спортско обложување и приредување на игри на среќа, компанијата има развиено комплетен систем на производство, одржување и развој на придружниот софтвер, кој овозможува безбедно вмрежување на голем број уплатни места, притоа управувајќи со квалитетот и ризиците.
Примарна цел на компанијата е задоволување на барањата и очекувањата на сите заинтересирани страни, како и високо ниво на доверба.
Менаџментот на компанијата ги насочува сите свои активности кон примена на добра практика, како и кон развој и модернизација на работењето, со цел да се обезбеди високо ниво на квалитет на услугите.
Делта Бет ДОО Скопје е дел од брендот Моззарт, кој како водечки бренд во игри на среќа во Југоисточна Европа има визија цврсто да ја држи лидерска позиција. Во сите сегменти од своето работење, компанијата се стреми да се истакне и да биде препознаена по својот квалитет, секогаш чекор понапред од конкуренцијата со сопствени решенија, што се докажува со успешното проширување на бизнисот. Исполнувањето и надминувањето на очекувањата на сите заинтересирани страни, со фокус на крајните корисници на услугите, е еден од најважните постулати на компанијата.
Вработените во компанијата Делта Бет ДОО Скопје имаат обврска да работат на подобрување на ефективноста на системот за управување преку доследна примена на политиката за квалитет, на постигнување на целите на компанијата, следење и анализа на податоците, континуирана работа на подигање на резултатите како и како усвојување и спроведување на корективни мерки. Од секој вработен се очекува максимален ангажман, личен придонес и доследно придржување кон политиката за квалитет.
Преку тимската работа, која е клучот за беспрекорно извршување на активностите, се создава средина која ги поттикнува вработените на креативност, посветеност и позитивни промени во компанијата.
Раководството на Делта Бет ДОО Скопје има обврска да им даде пример на вработените во почитувањето и примената на Политиката за квалитет, како и во донесувањето и примената на соодветните нормативни акти.
Компанијата управува со ризиците преку анализа на сите аспекти на работењето, идентификување на ризиците, нивно категоризирање и, доколку е потребно, примена на соодветни мерки за нивно елиминирање или намалување.
Компанијата е посветена на модернизацијата на општеството во целина и учество во развојот на успешна пазарна економија, истовремено почитувајќи ја животната средина и окружувањето во кои живееме. Во секој сегмент од општеството постои простор за унапредување, па така, долг низ на години, заедно со најрелевантните институции во државата, градиме подобра заедница преку континуирани општествено одговорни акции.
Сите досегашни цели на компанијата се остварени благодарение на вработените кои, следејќи ја мисијата на компанијата, која е одржување на високи деловни и финансиски перформанси и негување на иновациите, постојано прават чекор напред во остварувањето на визијата на компанијата, на која се особено посветени.