Мисија и визија
Кон дефинирање на мисијата и визијата компанијата Mozzart пристапува со разбирање дека почитувањето на овие принципи е единствениот пат до врвот, па затоа уште од своето основање се имплементираат во нејзините деловни политики и во секој деловен процес. Благодарение на свеста за важноста на овие принципи и доследност во спроведувањето на истите, денес за Mozzart може да се каже дека суверено владее на пазарот, и со својата општествена одговорност дава пример на другите. Моzzart е водечки бренд во игрите на среќа во Југоисточна Европа, а нашата визија е цврсто да ја држиме лидерската позиција. Свесни дека и во иднина треба да се разликуваме во сите сегменти и да бидеме над останатите по квалитет, ние се трудиме – и успеваме – секогаш да бидеме чекор понапред од конкуренцијата со своите решенија, што е докажано со успешно ширење на бизнисот.
Имплементацијата на нашиот софтвер и систем за обложување на повеќе континенти, како и препознатливиот бренд во целиот свет, не може да се постигне без исклучителен кадар, поради што од година во година ние ги вработуваме најквалитетните и најдобрите експерти во своите области. Способностите на нашите вработени се рефлектираат во подеднакво важен квалитет на нашата понуда, која постојано се шири со нови производи.
Освен што секојдневно овозможува врвни услуги на своите клиенти, компанијата Mozzart е партнер на многу поединци и институции на кои помага во сите сфери на општеството, со цел да овозможи подобрување на целата општествена заедница – поддршка на спортот, образованието, културата, здравството и хуманитарните организации.
Сите досегашни цели на компанијата се постигнати благодарение на вработените на Mozzart, кои следејќи ја мисијата на компанијата, а тоа е одржување на високи деловни и финансиски перформанси, како и со негување на инвентивноста, континуирано се во чекор со остварување на визијата на компанијата, на кои се посебно посветени.