Инвестирањето во луѓето е инвестиција во иднината на компанијата

Инвестирањето во луѓето е инвестиција во иднината на компанијата

Во секоја модерна и одговорна компанија, луѓето се највредниот ресурс. Развојот на нивните вештини, знаења и капацитети е од клучно значење за остварување на организациските цели, градење позитивна работна култура и постигнување конкурентна предност.

Затоа, вложувањето во континуирана едукација и професионален развој не е само бенефит за вработените – тоа е стратешка одлука што носи долгорочни резултати за компанијата во целост. Како компанија што постојано се стреми кон унапредување на своите процеси и јакнење на човечкиот капитал, со гордост ја истакнуваме реализацијата на повеќе значајни активности во насока на едукација и развој на нашите вработени.

Организиравме екстерна обука за нашите менаџери на подрегион и асистенти, со цел унапредување на нивните лидерски и комуникациски вештини. Обуката опфати повеќе модули: организациски способности, ефективна комуникација, тимска работа, управување со време и ресурси. Преку практични примери, интерактивни вежби и реални сценарија, колегите имаа можност значајно да ги продлабочат своите знаења и да ја зголемат својата ефективност во секојдневната работа.

Во рамки на нашата заложба за општествена одговорност, преземавме активности за подигнување на свеста за заштита на животната средина. Во нашата дирекција поставивме едукативни постери кои на секојдневна основа ги информираат и едуцираат вработените за важноста од еколошки одговорно однесување.

 

Имајќи ја предвид чувствителноста на личните податоци и усогласеноста со законската регулатива, наши колеги беа дел од специјализирана обука за заштита на лични податоци, со што го надградија своето знаење и придонесоа за унапредување на безбедносните стандарди во компанијата.

Посветеноста кон континуирана обука и развој се огледа и во нашата иницијатива за изработка на работни прирачници, во која беа вклучени сите организациски единици. Прирачниците се наменети за колегите на уплатните места и во автомат клубовите и служат како водич за новите вработени, а воедно се и вреден потсетник за поискусните членови на тимот.

Дополнително, како дел од нашата долгорочна стратегија за развој, секоја година организираме годишна обука за вработените на уплатните места и автомат клубовите. Целта е да се споделат добри практики, да се унапреди квалитетот на услугата, да се поттикне тимскиот дух и да се оптимизираат работните процеси.

 

 

Обуката е основа за успех

Веруваме дека вложувањето во вработените е основа за стабилен и одржлив раст. Со секоја обука, со секоe новo стекнатo знаење или практична вештина, не само што го збогатуваме индивидуалниот потенцијал на секој колега, туку и ја јакнеме целата организација. Затоа и понатаму ќе продолжиме со создавање можности за учење и напредок, бидејќи успешната иднина се гради со поддршка и развој на луѓето кои ја движат компанијата напред.