Mozzart ја продолжува поддршката за бодибилдерите

Mozzart ја продолжува поддршката за бодибилдерите

Регионалниот лидер во приредување игри на среќа и понатаму продолжува со поддршка на Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија. Компанија Mozzart со нив соработува втора година по ред и ги поддржува во сите нивни успешни натпреварувања, како што беше учеството на Светското првенство минатата година и неколку други домашни и регионални натпреварувања.

Периодов беа актуелни со две натпреварувања, и тоа: Државното првенство во бодибилдинг и фитнес и Меѓународниот натпревар IFBB Diamond Cup Skopje.

На 09 октомври 2022 во Скопје беше организирано државното првенство во бодибилдинг и фитнес, кое претставува квалификации и избор на репрезентација која ќе не застапува на Светското женско првенство во Кореа и Светското машко првенство во Шпанија. Ова државно првенство воедно претставува и јубилеј од 35 години постоење на федерацијата.

Од 14 до 16 октомври 2022 во Скопје беше организиран традиционалниот меѓународен натпревар IFBB Diamond Cup Skopje, кој е на календарот на Меѓународната бодибилдинг и фитнес федерација и претставува еден од најпрестижните натпревари во регионот. На натпреварот учествуваа повеќе од 20 држави од Европа со свои екипи.  

„Голема благодарност до компанијата Mozzart за соработката и помошта што повторно ја имавме при организација и на овие два настани кои беа од голема важност за нас како Федерација. Соработката ја продолжуваме и понатаму, со надеж и желба за уште поголеми успеси и освоени медали во иднина.“ - изјави претседателот на федерацијата за бодибилдинг и фитнес на Македонија, Бобан Ѓороски.

Да потсетиме, соработката помеѓу бодибилдинг и фитнес федерацијата и Mozzart започна во пресрет на Светското првенство во Шпанија минатата година, а беше среќна за нашата најдобра претставничка Мери Акиевска. Таа тогаш освои дури четири медали, стана светски шампион во велнес за јуниори, апсолутен шампион во јуниорска конкуренција, светски сениорски шампион во велнес и апсолутен шампион во сениорска конкуренција. Оттогаш компанијата Mozzart е редовен поддржувач на активностите на Федерацијата, која како и секогаш умее да препознае таленти и да поддржи колективи и федерации кои создаваат шампиони.