Mozzart го поддржа јубилејниот 30-ти турнир во мал фудбал на медиумите

Mozzart го поддржа јубилејниот 30-ти турнир во мал фудбал на медиумите

Спортско радио 90.3 ФМ оваа година го организираа јубилејниот 30-ти турнир во мал фудбал на медиумите, а компанија Mozzart како редовен поддржувач на локалните спортски случувања, придонесе кон реализација и на овој настан.

Оваа година турнирот имаше и меѓународен и хуманитарен карактер, со учество на фудбалски репрезентации на Хрватска, Србија, БиХ и Македонија во мешани состави (фудбалери + естрадни ѕвезди).

„Многу насмевки, спортски дух и забава - вака изгледаше јубилејното 30-то издание на Турнирот во мал фудбал на медиумите, кое оваа година имаше меѓународен карактер со учество на фудбалски ветерани и познати лица од екс-ју просторите како дел од репрезентациите на Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија. Голема благодарност до компанија Mozzart која како наш долгогодишен соработник и спонзор на овогодинешниот настан, придонесе за подобра организација на турнирот.“ – изјавија организаторите од Спортско радио 90.3 ФМ.

Во спортскиот дел кај медиумите, првото место го освои екипата на МРТ 1 која во финалето со 4:1 беше подобра од Спортското радио 90.3 фм. Во финалето кај репрезентациите видовме еден забавен меч со комбинирани репрезентации. Македонија со дел од популарните имиња од македонскиот фудбал кои беа дел и од репрезентацијата низ годините се сретна со еден комбиниран тим од БиХ, Хрватска и Србија и на крајот славеше со 8:2.

Компанијата Mozzart на регионално ниво е позната по инвестирањето во спортот на сите нивоа, без разлика дали се работи за поддршка на спортски клубови или спонзорство на различни спортски настани кои се организираат во државата.