Mozzart повторно награди талентирани спортисти – Млади кошаркари и годинава одат на кампот Академија Ребрача во Златибор
Млади талентирани кошаркари и годинава ќе имаат можност да бидат дел од кампот Академија Ребрача во Златибор.
Лидерот во приредување игри на среќа втора година по ред застанува зад овој проект, каде младите спортисти добиваат можност да научат нови вештини од познатиот Жељко Ребрача.
На отворениот тренинг по кошарка голем број млади таленти ги покажаа своите способности, по што основачот на Интернационалната кошаркарска академија ИБА, Владимир Мирковски ги одбра петте најдобри кои добија можност за бесплатно учество на летниот камп на Златибор.
„Веќе втора година по ред соработуваме со Mozzart и овозможуваме 5 талентирани кошаркари од Македонија да земат учество на еден од најдобрите кошаркарски кампови во Србија организиран од страна на Српската и Југословенската легенда Жељко Ребрача.Нашите млади кошаркари имаат шанса да ги усовршат своите кошаркарски вештини и да се стекнат со нови знаења преку НЛП работилници,заштита на социјални мрежи,булинг и останатите богати содржини кој ги нуди овој кошаркарски камп на Златибор”, изјави Владимир Мирковски, Основач на Интернационалната кошаркарска академија ИБА.
Кога станува збор за млади таленти и спортот, Mozzart е секогаш тука да помогне.
„Овој проект за прв пат го поддржавме минатата година и истиот даде многу позитивен резултат. Токму затоа втора година по ред даваме зелено светло и поддршка на младите кошаркари да ги усовршат своите знаења преку тренинзи со познатата кошаркарска ѕвезда Жељко Ребрача”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од компанијата Mozzart, кои и натаму продолжуваат со поддршка на вакви и слични проекти.