Посветеноста е клучна за успехот на тимот - Mozzart организираше обуки за менаџери и асистенти
Под мотото „Вашата посветеност е клучна за успехот на тимот”, компанијата Mozzart, организираше обуки за менаџери и асистенти.
Обуката се одржа во конгресниот центар Борис Трајковски, каде триесет вработени ги следеа предавањата на нивните колеги.
Вработените имаа можност преку презентации да се запознаат со работата на сите сектори и дирекции, а со цел унапредување на знаењето, размена на искуства како и усогласување на вештините.
Единаесет предавачи говореа за процесот на нивната работа, обврските и начинот на кој истите се одвиваат, како и за сето она кое би им било од корист на нивните колеги во реализирање на секојдневните работни обврски.
Секој од присутните имаше можност да постави прашање, да каже свое мислење, да даде предлог и сето тоа во насока на подобра организација на работата и позитивни резултати.
Организацијата на вакви и слични настани, значително влијае на подобрување на работниот процес, како и на комуникацијата и соработката меѓу вработените.
Mozzart е компанија која води особена грижа за корисниците, па така преку редовна едукација на своите вработени се труди тие да ја добијат најдобрата услуга.
Ова е само уште една потврда за лидерската позиција на Mozzart и не само во приредување игри на среќа, туку и кога станува збор за грижата за своите вработени и корисниците, нешто што директно влијае за поголем успех на компанијата.