Спорт и хуманост во едно: Mozzart на „Охрид Трчат”

Под слоганот „Ги поддржуваме лицата со ретки болести”, тимот на Mozzart со гордост ја искажа својата хуманост, учествувајќи на спортскиот спектакл „Охрид Трчат”.
Како лидер во приредување игри на среќа,Mozzart со својот посветен тим испрати силна порака на поддршка за националната кампања „Ги запознаваме ретките болести”, покажувајќи дека спортот не е само натпревар, туку и можност за поврзување и хуманост.
На овој голем настан се собраа спортисти од различни земји, спортски ентузијасти и рекреативни тркачи, создавајќи атмосфера исполнета со енергија, солидарност и позитивен дух.
„Ми преставува чест и задоволство што по втор пат имаме соработка и поддршка од Компанијата Mozzart. И оваа година вработените од Mozzart земаа учество на деветото издание на спортскиот настан „Охрид Трчат” и трчаа за поддршка на лицата со ретки болести. Голема благодарност до Mozzart, нека реткоста ве инспирира за поддржување на добри дела”, изјави Гордана Лолеска, Претседател на Здружението „Ретко е да си редок”
Ова е веќе втора година по ред како тимот на Mozzartе дел од овој голем спортски настан, а поддршката за лицата со ретки болести продолжува со несмален интензитет.