Спортистите на АК Делта со поддршка од Mozzart севкупни победници на Купот на Македонија

Спортистите на АК Делта со поддршка од Mozzart севкупни победници на Купот на Македонија

Спортистите поддржани од Mozzart, не престануваат да редат успеси, да освојуваат први места, да ги полнат витрините со нови трофеи и да се китат со медали.

Младите атлетичари од АК Делта, чиј ветер во грб беше лидерот во приредување игри на среќа, беа севкупни победници на Купот на Македонија.

На овој престижен натпревар првите три места или сите три трофеи завршија во нивните раце.  

Низ разговор полн со емоции,возбуда и среќа за постигнатиот успех, атлетичарите изјавија дека ознаката Mozzart на нивниот дрес им донела огромна среќа.  

Изминатиот викенд на Арената „Тодор Проески“ во Скопје се одржа Купот на Македонија за сениори и сениорки, а младите атлетичари на Делта дадоа особен придонес кон освојувањето на нова Сениорска Куп титула за АК Делта. Ова за нас е многу голем успех, за кој сме благодарни и на Mozzart, компанија која застана зад нас кога ни беше најпотребно. Се надеваме дека соработката ќе продолжи и понатаму, а со тоа и уште голем број вакви успеси”, изјави Александар Стојановски, претседател на АК Делта

На ова првенство учествуваа повеќе од 20 клубови и 120 атлетичари кои се бореа за престижот победник на Купот на Македонија.

Огромно е задоволството кога онаму каде се вложува, стигнуваат вакви резултати. Младите атлетичари од АК Делта се уште една наша гордост, уште еден клуб кој со помош на Mozzart постигнува врвни резултати. Им посакуваме уште многу освоени први места, медали и трофеи, а ние будно ќе го следиме секој нивни следен успех”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.

Спортистите од АК Делта се само дел од низата млади таленти кои се поддржани од лидерот на приредување игри на среќа, а кои до сега постигнале огромни успеси.

Во списокот на успешни спортисти се и Даниела Алексовска,натпреварувач во боречки вештини како и пливачот Теодор Тримчевски.