Заедно градиме успеси

Во Mozzart Македонија веруваме дека најголемата вредност на компанијата се нашите луѓе. Токму затоа постојано инвестираме во нивниот развој, создавајќи средина во која секој има можност да го покаже својот талент, труд и амбиција.
Во изминативе девет месеци, дури девет наши колеги беа унапредени на нови работни позиции. Овој успех не е случаен – тоа е резултат на посветеност, континуирано учење и можноста што компанијата ја нуди за професионален раст.
Нашата филозофија е едноставна: кога ќе препознаеме потенцијал, го поддржуваме и наградуваме. Унапредувањата не значат само повисоки позиции, туку и нови предизвици, нови одговорности и нови шанси за лично и професионално усовршување.
Колегите кои напредуваа се најдобар доказ дека во Mozzart постои јасна патека на развој – од првиот ден на onboarding процесот, преку обуките и менторската поддршка, па сè до можноста да се преземе лидерска улога.
Приказни што инспирираат:
Во продолжение, Ви пренесуваме искуства на дел од колегите чија посветеност и резултати оваа година ги доведоа до заслужено унапредување.
- Моето унапредување го доживувам како признание за 13 години посветена работа, континуиран развој и искрена лојалност кон компанијата. Патувањето во Mozzart започна скромно, како јуниор оператер. Со многу труд, дисциплина и желба за напредок, чекор по чекор ја поминав секоја скала од сениор, преку шеф на уплатно место, до асистент на менаџер на подрегион, позиција која ја извршував последните шест години. Секоја фаза ми донесе вредни искуства, подлабоко разбирање на работните процеси и тимската динамика, но и силна верба во вредноста на истрајноста- Анита Стефановска, Менаџер на подрегион Куманово
- Новата улога носи повеќе одговорности, поширока слика и поголемо влијание врз процесите во компанијата. Предизвикот го доживувам со ентузијазам – секој ден е нова можност за напредок, и лично и колективно – Дарко Ивановски, Регионален менаџер на регион Источна Македонија
- Ова унапредување за мене претставува признание за вложениот труд, истрајноста и резултатите низ годините. Тоа не е само нова титула, туку и одговорност кон луѓето со кои работам и компанијата во целост. Новиот предизвик го доживувам како можност да го надминам досегашното, да учам и да растам и како професионалец и како личност- Бобана Недељковиќ Љубовчевски, Регионален менаџер на автомат клубови
- Една од најголемите вредности во нашата компанија е што постои јасна можност за професионален раст и развој – сè што е потребно е работа, иницијатива и континуирана посветеност. Задоволство ми е што мојот ангажман беше препознаен и вреднуван на ваков начин. Новата улога ја доживувам како логичен след на моето професионално патување, но и како нова фаза што носи поголема одговорност и нови предизвици- Дара Павлеска, Администратор на архива
За нас, секое унапредување е приказна на успех. Приказна која инспирира и мотивира – не само за оние што напредувале, туку и за сите останати колеги кои знаат дека трудот и посветеноста навистина се препознаваат и вреднуваат. Mozzart Македонија ќе продолжи да гради силна корпоративна култура базирана на признавање, развој и доверба во луѓето. Затоа што нашите вработени се двигател на сите успеси.