Mozzart во Македонија

Брендот Mozzart во Македонија е присутен од 2008 година. Примарна дејност во која што работи компанијата е приредување игри на среќа, а во која спаѓаат игри на среќа во обложувалници и автомат клубови. Благодарение на добро смислениот бизнис модел стана лидер на пазарот во Македонија. Севкупната работна филозофија на компанијата е заснована врз основа на модерни бизнис принципи со постојано подобрување на услугите. Моментално ги поседува сите лиценци и дозволи за приредување игри на среќа во обложувалници и автомат клубови. Со мрежа од преку 170 обложувалници Mozzart целосно ја покрива територијата на Македонија и во моментов вработува повеќе од 600 луѓе. 

Започнувајќи од 2020 година на пазарот во Македонија, под брендот Mozzart, започнаа со работа и 4 автомат клубови Kazzino Mozzart. 

Брендот Mozzart има силно локално и регионално присуство и голема мрежа на најопремени и најдобро дизајнирани обложувалници и автомат клубови на пазарот во улога на место за дружење на многу луѓе.