Книговодител

Компанијата Mozzart, како најголем приредувач на игри на среќа во Југоисточна Европа, застапена е на териториите на Србија, Македонија, Малта, Романија, Република Српска, Босна и Хецеговина, Хрватска, Кенија, Гана и Колумбија. Со повеќе од 1000 уплатни места и околу 4.300 вработени, компанијатта Mozzart убедливо е регионален лидер вo оваа трговска дејност. Нашата работна политика е заснована на модерните принципи на работење, постојано унапредување на услугите и сфаќање на иновативноста и единственоста како императив. Свесни дека успехот на компанијата е невозможен без стимулативно, динамично и удобно работно опкружување кое придонесува кон развојот на способностите, знаењето и кариерата на вработените, внимателно ја градевме својата репутација за најпосакуван работодавач.

За работа на територијата на Град Скопје, потребен e

КНИГОВОДИТЕЛ

Основни должности:

  • Евиденција на влезни фактури во деловодник
  • Достава на барања за издавање на даночни уверенија, прекнижувања и усогласувања
  • Книжење на влезни фактури
  • Книжење на девизни фактури и корекција на данок
  • Контрола на картиците со добавувачи и купувачи
  • Книжење книжни одобренија и задолжувања
  • Контрола, корекција и книжење на внатрешен трансфер
  • Книжење на изводи денарски и девизни
  • Книжење на трансакции и контрола на книжењата во главна книга  
  • Следење на законските рокови за припрема на плата и достава на Извештаи до државни органи
  • Благајничко работење, контрола и анализа врз благајничкото работењe
  • Пресметка на закупи и под закупи
  • Подготовка на документација за компензација, асигнација, цесија и др.
  • Евиденција на основни средства, ставање во употреба и пресметка амортизација
  • Составување и достава на даночна пријава до државни органи
  • Следење на законските прописи и примена на истите                                                                                                                                                     
  • Контролирање на состојбата на роба по уплатни места-пописи

Услови:

  1. Минимум средно образование или Висока стручна спрема-економска насокa
  2. Најмалку 3 годишно работно искуство
  3. Одлично познавање на работа на компјутер и MS Office пакетот
  4. Познавање на англиски и српски јазик
  5. Способност за организирање и планирање
  6. Изразени интерперсонални вештини и вештини на комуниклација (писмени и усмени)
  7. Насоченост кон тимска работа како и способност за самостојна работа

Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија основна цел е да воспостави и  ги подигне стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и Источна Европа, Ве молиме Вашето CV и мотивационото писмо да ги испратите на e-маил jobmozzartbet.mk. Во насловот на мејлот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате.

Краен рок за поднесување на пријавите е 12.07.2022 година. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. Непотполните пријави нема да бидат разгледувани.

Со испраќање на пријавата кандидатот потврдува и се согласува обработката на личните податоци да се врши на начин како што е опишано во Политиката за приватност за кандидати за вработување
Пријави се за позицијата

Ивана Ололовска

Јуниор Маркетинг менаџер

Кога прв пат дојдов во оваа компанија, една од првите работи кои ги забележав e тоа што Mozzart инвестира во својот кадар, ги препознава квалитетите на секој вработен и вложува во нив за да се изградат на уште повисоко ниво, како личност и како работник. Јасната визија и зацртаната цел се многу важен елемент во развивањето на професионалната кариера. Успешниот развој се должи на заедничкото и планско работење, добрата организациона структура, долгорочните стратегии и координиран менаџерски тим од кого можам да учам и стекнувам големо искуство. Кога амбицијата ќе се спои со извонредната работна средина како што е Mozzart, позитивните резултати се неминовни. За мене претставува вистинска чест и задоволство што сум дел од овој тим, каде креативноста и иновативниот начин на работа преовладуваат, а воедно се и водилка за секојдневните предизвици со кои се среќаваме.

Марко Анчевски

Раководител на Сектор Логистика/одржување/транспорт

Мојата приказна во Моцарт започна од уплатно место, како оператер. На тој начин, делувајки на работните позиции кои ми беа доверени, имав можност постепено, директно да се запознавам со специфичностите, одговорноста и важноста на личниот придонес од страна на секој вработен во секое ниво на хиерархијата. Посветеноста во работата, менторството од моите претпоставени, и пред се секојдневната соработка, комуникација и консултација со колегите од сите сектори, ми овозможија да се надградам на личен и професионален план и да го зголемам моето познавање и разбирање на процесите, проблематиката и динамиката во тековното функционирање на најголемата компанија во Југоисточна Европа во спортско обложување и игри на среќа.