Јуниор систем администратор

Компанијата Mozzart, како најголем приредувач на игри на среќа во Југоисточна Европа, застапена е на териториите на Србија, Малта, Романија, Република Српска, Македонија, Хрватска и Кенија. Со повеќе од 1000 уплатни места и околу 4.300 вработени, компанијатта Mozzart убедливо е регионален лидер вo оваа трговска дејност. Нашата работна политика е заснована на модерните принципи на работење, постојано унапредување на услугите и сфаќање на иновативноста и единственоста како императив. Свесни дека успехот на компанијата е невозможен без стимулативно, динамично и удобно работно опкружување кое придонесува кон развојот на способностите, знаењето и кариерата на вработените, внимателно ја градевме својата репутација за најпосакуван работодавач.

За потребите на нашето седиште во Скопје потребен ни е

ЈУНИОР СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР

Основни должности:

  • Независно обезбедување help-desk и техничка поддршка,
  • Aнализа и решавање на проблемите поврзани со крајните корисници и системот, со алатки од далечина или директно на оддалечените локации,
  • Управување и поддршка на компаниската инфраструктура
  • Инсталација и конфигурација на мрежна, десктоп инфраструктура
  • Работа на проекти и имплементација на разни системи
  • Подесување backup
  • Креирање и ажурирање на налозите на корисниците

Услови:

  1. Минимум IV степен средно техничко образование
  2. Високо техничко образование или образование од други сродни ИТ области ќе се смета за предност
  3. Поседување на ИТ сертификати (Cisco, Microsoft, Juniper) ќе се смета за предност
  4. Минимум 1 година работно искуство на позиција, Техничка поддршка или друга ИТ позиција
  5. Искуство во структурно каблирање на LAN мрежи
  6. Познавање и искуство во работа со одржување и сервис на компјутерски хардвер (cpu, hdd, motherboard и слично.)
  7. Одлично познавање на Windows оперативен систем (Windows 7-8, 10)
  8. Искуство во сервис на ИТ опрема од далечина или директно на самата локација
  9. Познавање на TCP/IP Протоколи ќе се смета за предност
  10. Познавање на мрежна технологија и мрежни уреди- router, switch, firewall (Cisco, Juniper, Mikrotik) ќе се смета за предност
  11. Познавања на  Linux и Windows сервер околина ќе се смета за предност
  12. Искуство во работење со бренд-сервери (HP, IBM, DELL) ќе се смета за предност
  13. Само мотивираност, посветеност, одговорност и самодоверба, независност во работата, способност за работа на повеќе задачи во исто време и под висок притисок, логичко размислување, амбиција за развој и континуирано учење, способност за брзо прилагодување во брзо растечка околина, тимска работа и соработка
  14. Возачка дозвола Б категорија, активен возач

Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија основна цел е да воспостави и  ги подигне стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и Источна Европа, Ве молиме Вашето CV и мотивационото писмо да ги испратите на e-маил jobmozzartbet.mk. Во насловот на мејлот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате.

Краен рок за поднесување на пријавите е 23.07.2022 година. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. Непотполните пријави нема да бидат разгледувани.

Со испраќање на пријавата кандидатот потврдува и се согласува обработката на личните податоци да се врши на начин како што е опишано во Политиката за приватност за кандидати за вработување
Пријави се за позицијата

Ивана Ололовска

Јуниор Маркетинг менаџер

Кога прв пат дојдов во оваа компанија, една од првите работи кои ги забележав e тоа што Mozzart инвестира во својот кадар, ги препознава квалитетите на секој вработен и вложува во нив за да се изградат на уште повисоко ниво, како личност и како работник. Јасната визија и зацртаната цел се многу важен елемент во развивањето на професионалната кариера. Успешниот развој се должи на заедничкото и планско работење, добрата организациона структура, долгорочните стратегии и координиран менаџерски тим од кого можам да учам и стекнувам големо искуство. Кога амбицијата ќе се спои со извонредната работна средина како што е Mozzart, позитивните резултати се неминовни. За мене претставува вистинска чест и задоволство што сум дел од овој тим, каде креативноста и иновативниот начин на работа преовладуваат, а воедно се и водилка за секојдневните предизвици со кои се среќаваме.

Марко Анчевски

Раководител на Сектор Логистика/одржување/транспорт

Мојата приказна во Моцарт започна од уплатно место, како оператер. На тој начин, делувајки на работните позиции кои ми беа доверени, имав можност постепено, директно да се запознавам со специфичностите, одговорноста и важноста на личниот придонес од страна на секој вработен во секое ниво на хиерархијата. Посветеноста во работата, менторството од моите претпоставени, и пред се секојдневната соработка, комуникација и консултација со колегите од сите сектори, ми овозможија да се надградам на личен и професионален план и да го зголемам моето познавање и разбирање на процесите, проблематиката и динамиката во тековното функционирање на најголемата компанија во Југоисточна Европа во спортско обложување и игри на среќа.