Менаџер за корпоративни процеси
Компанијата Mozzart, како најголем приредувач на игри на среќа во Југоисточна Европа, застапена е на териториите на Србија, Малта, Романија, Република Српска, Македонија, Хрватска и Кенија. Со повеќе од 1000 уплатни места и околу 4.300 вработени, компанијатта Mozzart убедливо е регионален лидер вo оваа трговска дејност. Нашата работна политика е заснована на модерните принципи на работење, постојано унапредување на услугите и сфаќање на иновативноста и единственоста како императив. Свесни дека успехот на компанијата е невозможен без стимулативно, динамично и удобно работно опкружување кое придонесува кон развојот на способностите, знаењето и кариерата на вработените, внимателно ја градевме својата репутација за најпосакуван работодавач.
За потребите на нашето седиште во Скопје потребен ни е
МЕНАЏЕР ЗА КОРПОРАТИВНИ ПРОЦЕСИ
Основни должности:
1. Стручна подршка во процесот на усогласување на работењето на компанијата со законите, законските прописи, правила, насоки и кодекси од надлежните органи и институции, како и подршка во усогласувањето на интерните акти на компанијата
2. Комплетна вклученост и обезбедување на активности поврзани со општествено одговорните дејствија на компанијата, преку организирање донации, спонзорства и други општествено одговорни активности, како и активно претставување на компанијата во медиумите
3. Активно учество во сите процеси за идентификација и управување со конфликт на интереси
4. Процена на ефикасноста на контролните фактори со кои се утврдува усогласеноста на работењето на компанијата со законските регулативи, како и континуирано следење и унапредување на истите
5. Редовно известување на раковдството на компанијата за измените и дополнувањата во законските промени, нивното влијание на работењето на компанијата, како и следење на процесот на почитување на истите од страна на вработените во компанијата
6. Развивање на соодветни програми и планови за обука во областа на своите надлежности, односно, во согласност со ризиците, да врши усогласувања во областите како што се, спречување перење пари и финансирање тероризам, морални и професионални кодекси на однесување, управување со приговори од клиенти.
7. Активно учествува во сите активности поврзани со навремено добивање или обнова на сите видови дозволи, одобренија, согласности, лиценци и сл., кои се од суштинско значење за работењето на компанијата, за одредени производи, за обнова на сертификати и лиценци кои се потребни на компанијата
8. Подршка при мониторинг, следење, евалуација, ре-евалуација на сите видови на ризици, нивно препознавање, како и утврдување на мерките за нивно отстранување
9. Координација и/или надзор во примена на безбедносните мерки во сите организациони едницни, како и известување за успешноста на мерките
10. Комуникација, управување и организација на пристапот на компанијата во кризни ситуации
11. Изработка на медиумски објави и PR текстови, подготовка на содржина за корпоративната веб-страница и други материјали во однос на тековните потреби и барања на компанијата
Потребни услови:
o Универзитетска диплома/постдипломски студии, предност ќе имаат кандидатите со Економски или Правен факултет
o Најмалку 3 годишно работно искуство на исти или слични работни позиции
o Добро познавање на законските прописи
o Познавања од индустријата на игри на среќа
o Активно познавање на англиски јазик
o Познавање и работа на MS Office пакетот
o Изразени интерперсонални и комуникациски вештини.
o Лидерски вештини
o Способност за преговарање
o Аналитичност
o Способност за решавање на проблеми и конфликти
o Прецизност, одговорност и посветеност на работата
o Способност за работа во тим
Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија примарна цел е воспоставување и подигнување на стандардите во областа на спортското обложување во Македонија како и во Источна Европа, Вашето CV заедно со Вашето мотивационо писмо испратете ги на job@mozzartbet.mk. Во насловот на e- mailot (subject) задолжително наведете ја работната позиција за која конкурирате.
Краен рок за поднесување на пријавите е 10.07.2022 година. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Нецелосните пријави, нема да бидат земени во предвид.