Оператери во Прилеп

Компанијата Mozzart e најголемиот приредувач на игри на среќа во Југоисточна Европа, застапена на територијата на Република Србија, Романија, Република Српска, Хрватска, Македонија, а од скоро време и во Африка. Со повеќе од 1000 Уплатни места и околу 4300 вработени, апсолутно сме регионален лидер во оваа трговска дејност. Нашата деловна политика е заснована на модерни принципи на работење, константно унапредување на услугите и сфаќање на иновативноста и единственоста како императив. Свесни дека успехот на компанијата е невозможен без стимулативно, динамично и удобно работно окружување кое развива вештини, знаења и кариера на вработените, внимателно ја градевме својата репутација за најпосакуван работодавач.   

За работа на територија на град Прилеп потребни ни се

ОПЕРАТЕРИ НА УПЛАТНИ МЕСТА

Основни должности:

  1. Прием на уплатa и исплата на добитни тикети
  2. Комуникација со играчи и давање потребни информации поврзани со услуги, резултати, услови и начин на играње
  3. Грижа за безбедност на парични средства, како и грижа за опрема и уредите на уплатното место
  4. Принтање резултати, дневни понуди и додатоци, ажурирање огласна табла, уклучување пренос од спортски настани
  5. Припрема на топли и ладни пијалоци и послужување клиенти
  6. Работа на фискална каса
  7. Прием и проверка на роба и испратници од добавувачите
  8. Одржување хигиена на шалтерот, шанкот и уплатното место

Услови:

  1. IV степен стручна спрема
  2. Пожелно работно искуство на работни места како трговци, комерцијалисти или на работни места во менувачница
  3. Одлично познавање на работа со компјутер
  4. Одговорност, лојалност, професионалност
  5. Совесност, самодисциплинираност, прилагодливост
  6. Смиреност, сталоженост, комуникативност
  7. Насоченост кон тимска работа како и способност за самостојна работа

Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија основна цел е да воспостави и  ги подигне стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и Источна Европа, Ве молиме Вашето CV и мотивационото писмо да ги испратите на e-маил job@mozzartbet.mk  Во насловот на мејлот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате.

Краен рок за поднесување на пријавите 12.07.2022 година. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. Непотполните пријави нема да бидат разгледувани.

Со испраќање на пријавата кандидатот потврдува и се согласува обработката на личните податоци да се врши на начин како што е опишано во Политиката за приватност за кандидати за вработување
Пријави се за позицијата

Ивана Ололовска

Јуниор Маркетинг менаџер

Кога прв пат дојдов во оваа компанија, една од првите работи кои ги забележав e тоа што Mozzart инвестира во својот кадар, ги препознава квалитетите на секој вработен и вложува во нив за да се изградат на уште повисоко ниво, како личност и како работник. Јасната визија и зацртаната цел се многу важен елемент во развивањето на професионалната кариера. Успешниот развој се должи на заедничкото и планско работење, добрата организациона структура, долгорочните стратегии и координиран менаџерски тим од кого можам да учам и стекнувам големо искуство. Кога амбицијата ќе се спои со извонредната работна средина како што е Mozzart, позитивните резултати се неминовни. За мене претставува вистинска чест и задоволство што сум дел од овој тим, каде креативноста и иновативниот начин на работа преовладуваат, а воедно се и водилка за секојдневните предизвици со кои се среќаваме.

Марко Анчевски

Раководител на Сектор Логистика/одржување/транспорт

Мојата приказна во Моцарт започна од уплатно место, како оператер. На тој начин, делувајки на работните позиции кои ми беа доверени, имав можност постепено, директно да се запознавам со специфичностите, одговорноста и важноста на личниот придонес од страна на секој вработен во секое ниво на хиерархијата. Посветеноста во работата, менторството од моите претпоставени, и пред се секојдневната соработка, комуникација и консултација со колегите од сите сектори, ми овозможија да се надградам на личен и професионален план и да го зголемам моето познавање и разбирање на процесите, проблематиката и динамиката во тековното функционирање на најголемата компанија во Југоисточна Европа во спортско обложување и игри на среќа.